Тодоров појасни: Срце не ми дава да заокружам „Да“
Поранешниот министер за здравство Никола Тодоров, за референдумот вели дека сам ќе си го напише прашањето и ќе го одговори.
Тој се огласи на Фејсбук по повод неговата денешна изјава дека ќе излезе на референдум и дека ќе гласа „за“ ЕУ и НАТО и „против“ Договорот со Грција.
Вели дека срцето не му дава да заокружи „Да“.

Тој во неговото денешно излагање на дебата за НАТО рече дека ВМРО-ДПМНЕ не треба да го бојкотира референдумот.
Тодоров додава дека би бил неконзистентен ако не излезе на референдумот затоа што, како што посочува, „ќе ми најдете 20 изјави и говори каде што велам дека тоа решение мора да помине на референдум“.
Слично
