Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тодоров oбјасни околу која тема се судриле со бугарските историчари

Тодоров oбјасни околу која тема се судриле со бугарските историчари

Бугарските историчари инсистираат на тоа дека Охридската архиепископија е наследник на бугарската црква, и тука се судираме, вели Петар Тодоров од Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања во денешното гостување во Дневникот на Сител. 

Тој вели дека целта на Комисијата не е решавање на политички прашања.

„Треба да им се објасни на децата која е улогата на Охридската архиепископија и која е улогата на црквите во византискиот свет. Препораките кои би ги усвоиле треба да бидат и за македонските и за бугарските учебници“, посочи Тодоров.

Тој беше дециден дека никој во православниот свет нема проблем со тоа што МПЦ-ОА се повикува на Охридската архиепископија.

Слично

Поврзани вести