Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тодоров објасни каде бил на денот кога се гласаше за отворање на Уставот

Тодоров објасни каде бил на денот кога се гласаше за отворање на Уставот

Екс министерот за здравство, Никола Тодоров вечерва во Само вистина на Канал 5 не сакаше да коментира дали Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е продолжена рака на екс лидерот, Никола Груевски. 

Тодоров кажа дека нема ништо против затоа што Груевски е почесен претседател на партијата, но вели дека веднаш по заминувањето не треба претседателот да биде прогласен за почесен претседател, затоа што тоа според него создава револт. 

„Прочитав од Самоил Малчески дека јас сум подготвувал пуч на денот на одржувањето на Централниот комитет. Јас на денот не бев тука, бев во странство, ситуацијата ме затекна таму, и видов дека сум исклучен од партијата и видов што се случува. Сакам да кажам дека ова е начин на функционирање со сплетки, интриги. Тоа боли. ВМРО-ДПМНЕ мора да биде европска партија“, смета Тодоров. 

Рече дека од политиката се повлекол поради повеќе причини, затоа што долго бил министер, и смета дека тоа здосадува, но додава и дека влијание имало и 27 април да донесе таква одлука. 

Слично

Поврзани вести