Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тодоров негира дека имало паралелен увоз на лекови

Тодоров негира дека имало паралелен увоз на лекови

Поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров вечерва беше гостин во вестите на Канал 5 каде зборуваше за паралелниот увоз на лекови.

Тодоров негираше дека на тој начин во Македонија се увезувале фалсификувани лекови и со непроверен квалитет. Сепак, во еден момент се огради и рече дека фалисификувани лекови не се увезувале со негово или нечие знаење, а секој кој се сомневал дека некој лек е фалсификуван треба тоа да го пријави.

„Преку 20 милиони евра се заштедија во Министерството за здравство со воведување на оваа мерка, а тоа е мерка што се применува секаде во Европската Унија“ - вели Тодоров.

Тодоров потенцираше дека со паралелен увоз може да се увезе само лек кој има одобрение за ставање во промет и се наоѓа во употреба во земја членка на ЕУ. 

Слично

Поврзани вести