Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тодоров: Mицкоски е како тег кој влече надолу

Тодоров: Mицкоски е како тег кој влече надолу

Eкс министерот Никола Тодоров вечерва во Само вистина на Канал 5 изјави дека ВМРО-ДПМНЕ пред членството зборуваат дека се против Договорот со Грција, а пред меѓународната заедница друго, и прашува кого лажат. 

За лидерот Христијан Мицкоски рече дека е како тег кој влече надолу. Смета дека ако вака се продолжи, ВМРО-ДПМНЕ ќе изгуби на претседателските избори. 

„Ова не е добро, како нација се уништуваме“, рече Тодоров. 

Тој вели дека актуелната власта не работи, не го исполнила ниту она што беше планирано за една година, а камоли за цел мандат. 

Тодоров вели дека не разговарал со пратениците кои гласале за измени на Уставот, рече дека тоа е нивна одлука. 

Слично

Поврзани вести