Тодоров: Државата ќе ја поддржи набавката на високоприносен добиток
Државата со 80% ќе ја поддржи набавката на високоприносен добиток со генетски потенцијал од познато потекло.
Ова го најави Никола Тодоров носител на кандидатската листа за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалцијата за подобра Македонија од ИЕ2 пред жителите на Старо Нагоричане. Набавката на грлата ќе се врши од признати организации на производители, објасни Тодоров.
„Овие 80% од трошоците се неповратна финансиска поддршка која ќе се одобри при набавка на високостелни педигрирани јуници (со исклучок на јуници од расата буша), педигрирани машки и женски приплодни грла овци, педигрирани машки и женски приплодни грла кози и педигрирани свињи (нерези и назимки)“ - вели Тодоров.
Право на користење на мерката ќе имаат одгледувачи на добиток запишани во Единствениот регистер на земјоделски стопанства. Максималната вредност на прифатливите трошоци ќе изнесува до 6.500.000 денари по корисник.
