Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тодоров: Докажавме дека изградбата на нов Клинички не е празно ветување

Тодоров: Докажавме дека изградбата на нов Клинички не е празно ветување

Министерот за здравство Никола Тодоров на денешната прес конференција истакна дека со изборот на фирми на тендер докажано е дека ветувањето за изградба на нов Клинички центар во Скопје не е напразно дадено. Изградбата е доверена на македонските градежни гиганти „Бетон“ и „Гранит“ заедно со италијанска компанија и ќе вреди 72 милиони евра.

– Потпишувањето ќе биде по доставување на валидната банкарска гаранција од понудувачот за квалитет на изведбата во вредност од 10 проценти. Оваа процедура трае од 15 до 25 дена. Почетокот на изведбата се очекува да биде во тек на јуни 2017, а изведувачот ќе работи во фази со цел да се овозможи непречено функционирање на Клиничкиот центар во Скопје, рече Тодоров.

Нагласи дека прво ќе се обезбедат времени пристапни патишта во рамки на Клиничкиот центар, како и трансфер на Клиниките за неврологија, кожна и очна клиника во простор каде ќе ги извршуваат своите функции додека трае градбата.

– Рокот за завршување на градбата на новиот Клинички центар е предвиден за 45 месеци. Вкупната новопроектирана нето површина на оваа зграда изнесува 47 илјади метри квадратни, околу 6,5 илјади метри квадратни проодни тераси и покривни градини. Зградата се состои од едно подземно ниво, приземје, девет ката и современ хелиодром хелидром за транспорт на пациенти на десеттото ниво со површина од 531 метар квадратен, нагласи Тодоров.

Според него, станува збор за грандиозен објект, што заедно со објектот со кој се спојува, ќе има нето површина од повеќе од 70 илјади метри квадратни и ќе внесе голем број подобрувања во секојдневните активности на Клиничкиот центар.

Слично

Поврзани вести