Тодоров до Бугарија: Ако мислат дека ќе не направат Бугари, се лажат
Историчарот Петар Тодоров изјави дека Бугарија мора да ја смени реториката, ако сака да бидеме пријателска држава.
Тој го коментираше отворањето на клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола кое се случи викендов. Вели дека ова е пораз за Софија, но е во полза на Белград.
„Зошто сме дозволиле формирање здружение со вакво име, оти не е проблем самото доаѓање на делегацијата туку здружението со такво име. И не е првпат. Имавме здружение по име „Радко“ име кое е прекар на Михајлов, а Мара Бунева се чествува од пред десетина години и има комеморации во бугарскиот клуб во Скопје“, коментира Тодоров, во Утрински Брифинг.
За политичарите од Софија вели дека aко мислат дека ќе не направат Бугари, се лажат дека може да успеат.
фото Утрински брифинг
