„ДИК треба да работи по закон не е важно дали надвор некој протестира или не“, рече тој.
На забелешката дека високи претставници на партијата синоќа држеле говор на протестите, тој додаде дека секој има право да одржи говор, но не одговори конкретно на прашањето за говорот на омраза на вчерашниот протест и дали неговата партија ќе го осуди.
„ВМРО-ДПМНЕ отсекогаш го осудувало и ќе го осудува говорот на омраза и нема да го одобриме. За нас е најважно целиот процес ада биде законски и да не се дозволи заради изборен инженеринг невини луѓе да одат во затвор“, рече Тодоров.
Тој дури им порача на новинарите дека тие како новинари треба да го истражат тоа и праша кој ја донесе Фатиме во Скопје со ново Ауди.
- Со одлуката да се врши графолошко вештачење, ДИК изрази сомнеж дека членовите на избирачкиот одбор дале лажни изјави дека граѓанката се појавила по втор пат на гласање. Јавноста вчера виде дека присутните членови на избирачкиот одбор и по идентификација, и по лична карта и по проверка со УВ ламба утврдиле дека граѓанката веќе еднаш гласала и има траги од спреј на прстот. Сега ДИК го оспорува нивниот исказ и заради нарушување на изборниот процес ги праќа во затвор Берат Усеини, Катерина Миноска, Емсија Абас, Богица Василеска, Тања Ѓурчиноска, Златко Ѓорѓески и Ајсел Мемеди, кои што се членови на избирачкиот одбор, заменици членови и набљудувачи.