Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тодоров, Александрова и Богојески правеле нервоза со акредитациите околу врат

Тодоров, Александрова и Богојески правеле нервоза со акредитациите околу врат


Неодамна исклучените од ВМРО-ДПМНЕ - Никола Тодоров, Емилија Александрова и Петар Богојески постојано ги носеле околу врат акредитациите на Конгерсот на Европската народна партија во Хелсинки и тоа им задавало фрустрации на официјално делегираните од македонската опозициска партија, кои истовремено биле поканети од сестринската организација и беа присутни на собирот.

Имено на Конгресот на ЕНП има 758 делегати, и 3.000 гости. ВМРО – ДПМНЕ официјално е претставена со четири делегати кои учествуваат во работниот дел на Конгресот со право на глас, а тоа се претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски, потпретседателот Александар Николоски, меѓународниот секретар Влатко Ѓорчев исСоветникот за меѓународна политика Тимчо Муцунски. 

Медиуми блиски до ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека Тодоров, Александрова и Богојески на себе носеле излобирани студентски акредитации наменети за млади десничари, иако тројката претходно веќе најави дека во Хелсинки патуваат како лично поканети од ЕПП.

Богојески беше исклучен како фракционер кој силно се залагаше против авторитаризмот на партијата, Тодоров како поранешен министер за здравство гласаше на референдумот на 30 септември, додека пратеничката Александрова беше дел од двотретинското мнозинство за отворањето на амандманите за уставни измени на 19 октомври.



Слично

Поврзани вести