Тодор Петров запали свеќа за Ќосето
Тодор Петров од Светскиот македонски конгрес се чини дека е единствениот кој денеска се побуни за дислоцирањето на споменикот на Андон Јанев Лазев Ќосето од пред судската палата во Скопје.
Тој на испразнетиот постамент каде стоеше споменикот на Ќосето запали свеќа во знак на протест.
Ќосето во последните години повторно стана предмет на дебата меѓу историчарите за неговата улога во револуционерната борба на ВМРО. За едни тој е патриот кој ги следел наредбите на организацијата, за други тој е ликвидатор кој не заслужува таков вид на споменик пред важна институција како што е судот.
Доцна вечерта споменикот беше дислоциран исто како што во ноќните часови беше и поставен, па засега нема информации дали Ќосето ќе биде поставен на друга локација или целосно ќе биде повлечен.
