Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тодор Петров уште се мисли во кое својство бил Хојт Ји во Македонија!?

Тодор Петров уште се мисли во кое својство бил Хојт Ји во Македонија!?

Тодор Петров претседателот на Светскиот Македонски Конгрес најверојатно не ја добил поканата на која пишува дека следната владина забава ќе ја прави мандаторот Заев, па се уште се прашува во кое својство бил Брајан Хојт Ји заменик-помошник на Државниот секретар на САД за Југоисточна Европа. Целата меѓународна заедница веќе му честиташе на Зоран Заев за добиениот мандат од страна на претседателот Иванов, вклучувајќи и силни пораки за поддршка од Соединетите Американски Држави.

- Најнова вест е дека Џес Бејли повеќе не е амбасадор на САД во Македонија, место него “Невозможната мисија“ во Македонија треба да ја продолжат Заев и Џафери. До кога, ќе покаже времето...Но, она што е најважно, на службената интернет страница на Американската амбaсада во Македонија, се појави коментар на новиот вршител на должноста амбасадор на САД Микаела Швајцер-Блум, смета Тодор Петров во неговата колумна.

Додека бранителите на унитарноста како Петров се во блажена состојба кога ќе го споменат името на Доналд Трамп кој е уште малце ќе ги средел шпионите и агентите на Обама во Стејт Департментот и УСАИД и Конгресот ќе започне истрага против милијардерот Џорџ Сорос. 

Најновата вест која Петров не ја чул е дека токму Трамп се соочува со првата постапка за покренување на Импичмент. Повеќе конгресмени го сомничат дека влијаел врз директорот на ФБИ Џејмс Коми да се откаже од истрагата за неговиот советник за национална безбедност Мајкл Флин за директна поврзаност со руски амбасадор за што и излажал претставници на Департмантот за правда. Целата кампања на Доналд Трамп е доведена во прашање за тоа дали постоело директно руско влијание. 

Во вакви моменти кога и многу членови на ВМРО-ДПМНЕ побараа руска интервенција и помош за справување со албанските радикални елементи се вклучија и службите на САД да не дозволат на никаков начин поголем простор за игра на Владимир Путин иако тој е далеку од директно вклучување во уште еден конфликт по тие во Украина и Сирија. 

Без оглед дали е Бејли амбасадор или е повлечен, позицијата на САД во Македонија ќе остане иста, а тое гарантирање дека сме посветени на евро-атлантските интеграции, особено со членување во НАТО кое можеби не е веднаш достапно, но е возможно.

Автор: Христијан Станоевиќ

Слично

Поврзани вести