ТОДОР ПЕТРОВ СЕ СОГЛАСУВА СО ЗАЕВ? - избори треба да има на 21 јуни, опозицијата и го овозможи тој башибозук на Владата
Тодор Петров, претседателот на Светскиот македонски конгрес, ја изненади јавноста откако преку твитер го кажа својот став дека избори навистина треба да има на 21 јуни, како што претходно соопшти и лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
Еве што напиша на твитер Тодор Петров.
„Според владината уредба за изборите од 21.03, донесена без Закон за вонредна состојба и одлука на Собранието како и сите останати, а која Уставниот не ја поништи, избори треба да има на 21.06, независно дали тоа некому се допаѓа. Опозицијата и го одобри тој башибозук на Владата!“, вели Тодор Петров на својот твитер профил.

Слично
