Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тодор Петров: Се собираат пари за кампања против референдумот

Тодор Петров: Се собираат пари за кампања против референдумот

Со исти методи како во 2004 година иако сега ситуацијата е спротивна, со заплашувања, уцени, СДСМ ќе се обиде да успее во своите намери со референдумот закажан за 30 септември годинава, вели за Фактор, Тодор Петров, претседателот на Светскиот Македонски Конгрес (СМК). Тогаш бараше помалку гласачи сег асака повеќе, но методите ќе бидат исти, смета тој. Најавува анти-кампања.

„Истата кујна ќе се користи со истите методи како во 2004-та. Ќе биде „спрегната“ администрацијата на НАТО и ЕУ и ќе доаѓаат високи претставници да влијаат и да вршат притисок. Очекувам и од власта да потроши многу пари на скапа кампања, иако таа би можела да се покаже и како контрапродуктивна за неа. Тука се и можните заплашувања кон јавноста и поединци, јавни и зад сцената - вели Петров.

Светскиот Македонски Конгрес во средата поднесе иницијатива до Уставниот суд на Македонија за поништување на Одлуката за распишување на референдум, што ја донесе Собранието на Македонија на седницата одржана на 30 јули 2018 година.

„Спогодбата со Грција не е ратификувана во согласност со Уставот. Не е потпишан Указот за ратификација на договорот и истиот не може да стапи на сила, без разлика на референдумскиот исход. Од друга страна референдумот не може да биде консултативен и на истиот мора да излезат половина гласачи плус еден од вкупниот список, бидејќи законски, се работи за склучување сојуз со држави,  изјави Петров.

Како форма на отпор на референдумот, распишан на предлог на Собранието на РМ, најавува дека во тек е постапка на формирање на координативно тело на десничарските организации и помалите партии кои не сакаат сојуз со НАТО и ЕУ по цена на промена на името.

„Сите тие, кој колку може, ќе обезбедиме финансии за анти-кампања. Ќе организираме каравани и максимално ќе ги користиме можностите на социјалните мрежи за да делуваме, вели Петров.

Инаку референдумот за територијалната организација на локалната сампуправа се одржа на 7 ноември 2004 година. Подносител на иницијативата за собирање на потписи за референдум и организатор на кампањата за референдумот беше Петров и СМК. Беа собрани 180.454 потписи за одржување на референдум, повеќе од уставниот цензус од најмалку 150.000 потписи. Иницијативата за собирање на потписи траеше шест месеци од 23 февруари до 23 август 2004 година. Претходно, ставот на тогаш владеачкиот СДСМ беше дека нема потреба од референдум. Од вкупно 1.709.536 запишани избирачи, гласаа 454.347 или 26,58% од запишаните избирачи, и референдумот беше прогласен за неуспешен.

A.K.

Слично

Поврзани вести