Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тодор Петров му одговори на барањето на Трамп на фејсбук, Yahoo не му дозволувал пристап

Тодор Петров му одговори на барањето на Трамп на фејсбук, Yahoo не му дозволувал пристап

Тодор Петров кој раководи со Светскиот македонски конгрес му се обратил на поранешниот претседател Доналд Трамп со статус на фејсбук во кој му дава поддршка. На објавата бил принуден затоа што како што вели, yahoo упорно го блокирал мејлот кој му го испраќале на Трамп. Имено постот има историја за која Петров раскажал. Вели дека преку contact@victory.donaldtrump.com на 7 ноември 2020 година, СМК добиле мејл во кој пишувало дека на претседателот Трамп му е потребна помош оти како што било напишано Демократите се обидувале да ги украдат овие избори. 

„Електронски Ви испраќаме итно барање. Потребни ни сте да го кренете гласот во јавноста и да застанете со Вашиот Претседател. Со ваша помош, ќе испратиме цврста порака до либералната толпа дека вистинските патриоти сто посто го поддржуваат претседателот Трамп. На Претседателот Трамп сте му потребни токму сега. Му го испраќаме списокот со секој поддржувач што го додава своето име на линкот во прилог, во наредните саати. Ве молиме веднаш додадете го Вашето име, застанете со Вашиот Претседател во одбрана на изборите од радикалната левица, соопштува Петров.

Додава сепак дека и покрај обидите за испраќање на електронска поддршка не успеале во тоа. 

„yahoo ја отфрла поддршката преку приложените линкови со одговор “Забранет пристап!“ Поради тоа испративме порака преку електронска пошта која гласи: “Невозможно е да се додаде нашето име на вашиот линк за поддршка, бидејќи за жал, на секој наш обид за поддршка, yahoo.com автоматски одговара: Пристапот е забранет! Нашите пораки до Вас се блокирани. Затоа нашиот одговор преку оваа електронска пошта contact@victory.donaldtrump.com е: “Светскиот Македонски Конгрес е со претседателот Доналд Трамп! Македонците од целиот свет, од Соединетите Американски Држави и од државата Македонија му го честитаат на Американскиот народ изборот на Доналд Трамп за 46. претседател на Соединетите Американски Држави! Светот ја чека вашата инаугурација! Македонците од целиот свет, од Соединетите Американски Држави и од државата Македонија се со вас! Изборете се за победата! Претседател на Светскиот Македонски Конгрес, напишал Тодор Петров.


Слично

Поврзани вести