Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТОДОР ПЕНДАРОВ: Животот уште го чекaме

ТОДОР ПЕНДАРОВ: Животот уште го чекaме

„Денеска се навршува година дена од актуелната влада, година во која владата најмногу беше сконцентрирана на надворешната политика, поточно на проблемот со името. Што се однесува до внтрешната политика овде нема видни резултати, дали е тоа неспособност или немање време или пак немање идеи, не знам, иако мислам дека е пред се немање идеи. Што се однесува до прашањето за името, направени се одредени квалитетни чекори, имаме активни преговори со нашиот јужен сосед со Република Грција, од она што го слушаме и гледаме, по се изгледа деновиве треба да го слушнеме и новот предлог за името. Останува да видиме дали ќе биде ерга омнес или само за меѓународна употреба, иако се чини дека ќе биде ерга омнес, што лично мене не ми се допаѓа.

Како и да е, една година помина, оваа владејачка гарнитура дојде со мотото Живот за сите. Ние животот уште го чекаме, затоа што економските резултати покажуваат дека животот не е дојден“- вели Тодор Пендаров, новинар. 

Слично

Поврзани вести