Тодор Пендаров: Ниската излезност покажува дека независните листи треба да „скокнат во Вардар“
Новинарот и аналитичар Тодор Пендаров вели дека ниската излезност покажува дека на овие избори ќе имаат слаб успех независните листи и кандидати.
Тој ова го изјави во анализата по повод изборите на ТВ 24.
„Ниската излезност ми дава за право да мислам дека независните листи уште од сега можат да скокнат во Вардар, листите, а не луѓето. Ниската излезност покажува дека големите партии успеале да го мобилизираат членството, кои излегле и го дале својот глас така како што го дале. Додека, кај оние кои не гласале, тоа беше резултатот кој се очекуваше за независните листи. Така што, не верувам дека член или симпатизер на ВМРО-ДПМНЕ отишол и гласал за независна листа“, вели Тодор Пендаров.
Слично
