Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тодор Пендаров: Груевски ја одалечува државата од нашите стратешки определби НАТО и ЕУ

Тодор Пендаров: Груевски ја одалечува државата од нашите стратешки определби НАТО и ЕУ

Изјавата на Груевски е за жал загрижувачка и ниту малку нема да придонесе кон смирување на страстите и огромната поделеност во општеството. Во истовреме со оваа изјава која е директн напад врз меѓународниот фактор дека се меша во внатрешните работи на Република Македонија  Груевски државата ја одалечува од нашите стратешки определби НАТО и ЕУ.

Со изјавата Груевски јасно потврдува дека ние немаме функционална држава и независни институции туку имаме класична партизирана држава а институциите мора да ги спореведуваат интересите на партијата и на партиската елита. Односно на Фамилијата.

Во суштина Груевски сега се заканува дека како што СДСМ по изборите во 2014 не ги призна изборите и не  влезе во парламентот сега тоа  ќе го стори и ВМРО-ДПМНЕ ако има прегласувања. Уште едно повторување на историјата ама не сум сигурен дали ќе биде како фарса или како тргедија  Како и да е некој овој говор ќе го разбере дека Груевски се помирил со улогата на опозиција и сега се храбри самиот себе и членството. Но мислам дека не е така. Напротив  Груевски нема така лесно да ја прифати улогата на опозиционер бидејки тоа би и отворило каква таква можност за почеток на правната разрешница на кризата и на сето она што произлезе од бомбите. А токму тоа е загрижувачки. 


Слично

Поврзани вести