Тоа што се случува во Украина е голема катастрофа, порачаа Украинците кои живеат во Македонија
Членовите на здружението на Украинците во Македонија денеска се собраа на плоштадот во Скопје, со цел да дадат поддршка на Украина, и да ја осудат руската агресија.
Со украински знамиња и натписи против рускиот претседател Владимир Путин и Русија, порачаа дека сакаат да испратат порака за тоа што се случува сега во Украина. Велат дека во Киев сега состојбата е многу лоша. Тие се загрижени за нивните блиски кои се во Украина.
„Тоа што се случува во Украина е голема катастрофа“, рече еден од демонстрантите.
Русија вчера ја нападна Украина, а претходно ја призна независноста на републиките Доњецк и Луганск, во Украина.
Украинските војници убиле над 1.000 руски војници, објави ДПА. Но, руската страна тврди дека нема жртви. Канцеларијата за човекови права на Обединетите нации објави дека во руските напади врз Украина загинале најмалку 25 цивили, а во бомбардирањето и воздушните напади се повредени најмалку 102 лица.
фото Принтскрин
