Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тоа ни го направија Османи, Ковачевски и Маричиќ, вели Мицкоски за бришењето на македонски јазик и идентитет од извештајот за Македонија

Тоа ни го направија Османи, Ковачевски и Маричиќ, вели Мицкоски за бришењето на македонски јазик и идентитет од извештајот за Македонија

Да избришеш „македонски јазик и идентитет“ од извештајот е еднакво лошо како да стоеше „модерен“, реагираше премиерот Христијан Мицкоски по најавата дека има догвоор на трите најголеми политички сили во Европскиот парламент, овие изрази ќе бидат тргнати.

„За жал, оние егзибиции коишто седум години се случуваа кај нас, дома тука, не доведоа во една ваква ситуација. Еве гледате би рекол, има еден збор да го употребам, но не би сакал да го употребам, но ќе го употребам, ќе одам чекор понапред, на талибански начин се брише македонскиот идентитет и македонскиот јазик од Ивештајот во Европа. Тоа го дочекавме како народ во 21 век. Ете тоа го дочекавме, тоа ни го направија Бујар Османи, Димитар Ковачевски, Бојан Маричиќ и останатите“, рече Мицкоски.

Според европратеникот Андреј Ковачев, очекувањата се овој амандман да биде поддржан од мнозинството во ЕП следната недела на пленарна седница

Слично

Поврзани вести