(ВИДЕО) „ТОА БЕШЕ ПОСЛЕДНО ЗАТВОРАЊЕ НА ВРАТАТА: Потресно сведоштво на таткото на загинатата Надица во Кочани
Таткото на загинатата Надица Наунова, Александар Наунов, со потресно сведоштво во вид на песна, пишува за смртта на неговата ќерка на социјалните мрежи.
Тој објави видео снимка од безбедносни камери, што всушност е последниот пат на Надица да излезе од дома.
„Последното затворање на вратата
Тоа беше обично затворање на врата…Но за мене – тоа беше последниот здив на мојот свет. Моето дете, мојата Надица, ја затвори вратата со насмевка,а јас не знаев дека зад неа ќе остане нејзиниот живот, заробен во пламен, во неправда, во тишина што нема крај.
Наместо да ја чекам со внуци во прегратка, јас ја чекам во соништата – таму каде што не гори.
Наместо нејзиниот глас, слушам ехо од болка, наместо чекори по ходникот – тишина што ме гуши.
Помина време, но не и мојата болка. Надица, ти остана вечна во моето срце,
во секоја свеќа што ја палам, во секоја солза што не престанува.
Твоето име ми е молитва, твојот лик – вечна светлина. И додека светот заборава, јас ќе живеам за да те паметам, напиша тој.
Слично
