Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ТО ВИМА“: Стејт департментот на САД подготвил писмо со честитки за Силјановска Давкова, но тоа не било објавено

„ТО ВИМА“: Стејт департментот на САД подготвил писмо со честитки за Силјановска Давкова, но тоа не било објавено

Грчкиот весник „То Вима“ пишува дека Стејт департментот на САД не испрати писмото со честитки за македонската претседателка Гордана Силјановска Давкова. 

Според весникот, Стејт департментот на САД подготвил писмо со честитки за првата жена претседателка на Северна Македонија, Гордана Силјановска – Давкова, но тоа никогаш не било објавено.

За време на нејзината инаугурација, претседателката Силјановска – Давкова го оживеа долгогодишниот спор за името со Грција, нарекувајќи ја нејзината земја „Македонија“ наместо официјалното име „Северна Македонија“, пишува грчкиот весник „То Вима“.

Во текстот се наведува дека наместо официјално писмо од државниот секретар Антони Блинкен, помошникот државен секретар за европски прашања, Џејмс О’Брајан, упати честитки преку објава на „Х“.

Овој симболичен гест го нагласува внимателниот став на Вашингтон во однос на јавните интервенции по првичните предизвици за спроведувањето на Договорот од Преспа, се вели во текстот.

Извори за „То Вима“ потврдиле дека оваа одлука има за цел да го пренесе незадоволството за прекршување на одредбите од Договорот од Преспа за време на нејзината инаугурација и последователните настани.

Силјановска Давкова денеска кажа дека го почитува Договорот од Преспа. 

Слично

Поврзани вести