Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТИНЕЈЏЕРИ ВКЛУЧЕНИ ВО ПРОИЗВОДСТВО И ТРГОВИЈА СО ДРОГА - Се помлади лица фатени со нелегални суспстанци

ТИНЕЈЏЕРИ ВКЛУЧЕНИ ВО ПРОИЗВОДСТВО И ТРГОВИЈА СО ДРОГА - Се помлади лица фатени со нелегални суспстанци

Двајца тинејџери се уапсени од страна на полицијата од Кочани. Како што соопштува Министерството за внатрешни работи, едното лице е од селото Облешево и имал 19 години, додека второто лице кое е и малолетник има само 17 години. 

Идентитетот на 17 годишниот жител на Кочани останува скриен, бидејќи станува збор за малолетник. 

Двете лица се тереат за неовлстено производство и трговија со дрога. 

- Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против М.Ц.(19) од село Облешево и против 17-годишник од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Кај првопријавениот биле пронајдени семки од растението канабис, кои ги набавил од второпријавениот - напиша МВР во билтенот.

Слично

Поврзани вести