Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТМРО вели НЕ за францускиот предлог со вазален однос кон Бугарија и бара права за Македонците во соседството

ТМРО вели НЕ за францускиот предлог со вазален однос кон Бугарија и бара права за Македонците во соседството

И ТМРО повика граѓаните вечерва масовно да излезат на протести. 

Лидерот на ТМРО, Ванчо Шехтански побара од Европската унија (ЕУ) да го признае македонскиот народ во Бугарија, Албанија, Косово, Србија и да им ги дадат сите права на Македонците во Егејскиот дел на Македонија.

„ТМРО ги повикува Македонците денес во 19 часот масовно да излезат пред Владата и да кажат НЕ за антимакедонските штетни договори кои ја обезличија македонската држава. НЕ за Охридскиот договор, НЕ за Преспанскиот Грчки договор, НЕ за обезличувањето на МПЦ и вазалниот однос со СПЦ, НЕ за францускиот предлог со вазален однос кон Бугарија. ТМРО бара ЕУ да го признае македонскиот народ во Бугарија, Албанија, Косово, Србија и да се дадат сите права за Македонците во Егејскиот дел на Македонија како и враќање на имотите на нивните наследници. Македонското прашање е единствено нерешено во Европа и ние бараме негово отварање во глобала“, порача  Шехтански.

Четврти ден по ред граѓаните ќе протестираат пред Владата незадоволни од францускиот предлог. 

Слично

Поврзани вести