Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТМРО и СДСМ поднеле приговори до ДИК

ТМРО и СДСМ поднеле приговори до ДИК

Две политички партии поднеле приговори до Државната изборна комисија (ДИК). 

До ДИК до 15 часот се поднесени 13 приговори, од кои седум приговори се од политичката партија ТМРО. Тие  се однесуваат на постапката за сумирање и утврдување на резултатите во избирачките места 1156, 1178, 1157, 1182, 1183, 1176 и 1181 во општина Старо Нагоричане. Другите шест приговори се од Коалицијата предводена од СДСМ, кои се однесуваат на постапката за гласање, односно постапката за сумирање и утврдување на резултатите на избирачките места 2966/1 и 2958/1 во општина Шуто Оризари, избирачкото место број 1612 во општина Конче и избирачките места 835, 874 и 865 во општина Кочани.

На 31 октомври во неделата се одржа вториот круг од локалните избори. Ова беа седмите локални избори во земјава. 

Слично

Поврзани вести