ТМРО бара Шилегов да го тргне и споменикот на УЧК во Чаир
Лидерот на ТМРО Ванчо Шехтански побара отстранување на споменикот-дивоградба на УЧК во Чаир. Шехтански очекува скопскиот градоначалник Петре Шилегов да јаспроведе одлуката од февруари 2016 година, која претходниот градоначалник Коце Трајановски не ја спроведе и веднаш да го отстрани споменикот на УЧК , кој, според него, е дивоградба во скопската населба Чаир.
- Споменикот на УЧК, кој е дивоградба во Чаир, градските власти мора да го отстранат со оглед да Општина Чаир нема донесено таква поединечна одлука.
Второто прашање е зошто претходната власт не ги легализираше спомениците во централното подрачје, иако ако сакаше тоа во секое време можеше да го стори. Ваквиот политички спин, личи на свесно давање алиби на сегашната номенклатура да ги отстрани сите нелегални градби, Ќосето, Филип, Александар, кои случајно се и дел од пакетот грчки барања - порача Шехтански.
