Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТИКВЕШКО: Изолирани се една наставничка и 16 ученици

ТИКВЕШКО: Изолирани се една наставничка и 16 ученици

Единаесет нови случаи на коронавирус во Тиквешко, заболена и една наставничка.

За МИА ова го потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.

Девет од новозаболените лица се од Кавадарци, а по едно  од Неготино и Демир Капија.

„Изолирани се една наставничка и 16 ученици, ќе биде извршена дезинфекција во училиштето. Едно 53 годишно лице од Демир Капија е хоспитализирано во Велес“, рече Јовановски.

Сите новозаболени, од двата пола, биле со симптоми. Двајца од нив претходно имале контакт со лице позитивно на Ковид-19.

Од почеток на пандемијата досега, во Кавадарци заболеа 260 лица. Во Росоман и Демир Капија по  13, Неготино 53 лица. Се утврдуваат контактите на новозаболените, со цел нивна изолација.

Ова не е прв ваков случај. 

И во Скопје деновиве имаше позитивна наставничка. 

Слично

Поврзани вести