Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тито Петковски за спорот со Бугарија: Добро е да се ангажираат историчари од надвор

Тито Петковски за спорот со Бугарија:  Добро е да се ангажираат историчари од надвор

Во Мешовитата комисија треба да има европски политичари, за да нема пристрасност, изјави претседателот на НСДП, Тито Петковски во „Само интервју“ на Канал 5. 

Но, тој смета дека за ова не е доцна. 

„За да се задоволат двете страни и да нема пристрасност, добро е да се ангажираат историчари од надвор. Сепак, знам дека Бугарија тоа не сака да го чуе. Не може да се тргне напред ако се знае дека претседавачот на Бугарската комисија е човек кој што беше амбасадор во Македонија. Тој пред се е политичар и дипломат, а многу помалку историчар“, тврди Петковски.

За два дена, македонските и бугарските историчари немаа напредок. Резултати нема од онлајн средбата. Проблем била придавката „македонски“, но и Цар Самоил. 

Од бугарската страна беше кажано дека средбата била нула. 

Слично

Поврзани вести