Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тито Петковски вели дека Заев треба да го наследи кадар од СДСМ

Тито Петковски вели дека Заев треба да го наследи кадар од СДСМ

Според претседателот на НСДП, Тито Петковски, Владата е стабилна, а  премиерот Зоран Заев не треба да се повлекува пo поразот на локалните избори, затоа што пред само една година оваа коалиција доби 4-годишен мандат на парламентарните избори.

Но, бидејќи Заев ќе се повлече, Петковски вели дека треба да го наследи кадар од СДСМ. 

„Доколку опозицијата смета дека нема простор за консолидација, тогаш нека предложи да се гласа за доверба и ќе биде јасно за три дена. Не се во состојба да се обезбеди тоа. За една година не се троши кредибилитетот на владата. Еве на пример, ако одиме на предвремени избори и опозицијата изгуби, дали треба да ги повториме и локалните избори?“, рече Петковски на Канал 5.

После изборот на нов премиер, смета лидерот на НСДП, треба да се влезе во процес на избор на нов лидер во СДСМ.

Слично

Поврзани вести