Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТИТО ПЕТКОВСКИ СТРАВУВА - можеби ќе сакаат и бугарскиот јазик да стане официјален во Македонија

ТИТО ПЕТКОВСКИ СТРАВУВА - можеби ќе сакаат и бугарскиот јазик да стане официјален во Македонија

Можно е Бугарите да ги искористат бугарските пасоши кои ги имаат Македонците за да побараат и бугарскиот јазик да биде официјален јазик во Македонија.

Со вакво стравување вчера излезе Тито Петковски, поранешен претседател на парламентот и екс лидер на партијата во власта, НСДП, во емисијата Само интервју на телевизијата Канал 5

Петковски смета дека според него, нема причина зошто треба Бугарите да се вметнат во Уставот на земјава.

– Не знам што е целта на Бугарија, ама не случајно и албанските партии заговараат промена на Уставот во делот на Рамковниот договор. Ако сега е албанскиот јазик, утре може да биде и бугарскиот јазик официјален јазик – изјави Петковски.

Сепак, Петковски нагласи дека тоа е само негова претпоставка и дека нема конкретни сознанија за оваа ситуација.

Слично

Поврзани вести