Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тито Петковски по Самитот во Брисел: Заразени со чекање!

Тито Петковски по Самитот во Брисел: Заразени со чекање!

Претседателот на НСДП, Тито Петковски, со коментар под наслов„Заразени со чекање!“ по епилогот на Самитот во Брисел смета дека не е фер Украина и Молдавија како земји кои не ја контролираат целата своја територија да се изедначат со статусот кој го име Македонија во евроинтеграциите.

„Заразени со чекање! Со одлуката на ЕУ за стартот на преговорите за членство со Украина и Молдавија,некои работи стануваат по јасни гледано од наш агол!

Украина е во војна и неизвесно е кога војната ќе заврши.Освен тоа,по завршувањето на војната и неизбежниот мировен договор,неизвесно е во кои граници ќе остане Украина како држава.Молдавија ,барем за сега, не контролира половина од својата територија.

Освен тоа,одлуката на Самитот на ЕУ е донесена со воздржаното гласање на Унгарија.Значи,немаше едногласност или целосен консензус,мантра која ЕУ постојано ја повторува кога е во прашање Македонија.Одлучувачки фактор беа политичката воља и глобалниот интерес.”

Истата таа ЕУ,пред 31 година,по дисолуција на некогашна Југославија,формира посебна комисија,т.нБадентерова,која даде мислење дека,од поранешните југословенски републики,само Словенија и Македонија ги исполнуваат условите за почеток на преговири за членство во ЕУ. От тогаш па до денес поминаа 31 година а Македонија сеуште е во чекалната на ЕУ“, гласи денешниот коментар кој Петковски го објави на социјалните мрежи.

Според искусниот политичар, Македонија доброволно и премолчено прифаќа да чека, додека Украина и Молдавија „го добиваат незаслуженото“.

„Како луѓе, станавме многу инертни,лишени од способност за спротивставување и немирење,убедени дека немаме друга алтернатива.Самата без алтернативнист доведе до парализирана нормалност која предолго трае.

Еден мој драг пријател,за да ме утеши,ми вели дека не сме само ние во ваква понижувачка положба,туку и останатите земји грдо наречени”Западен Балкан”.Можеби ,сите заедно побрзо ќе влезе ме во ЕУ доколку имавме статус на протекторат отколку овој полупротекторат со разни експерименти.Имам впечаток дека овој наш заеднички простор е резервиран за социолошки експерименти или пазар за не стандардизирана роба,односно роба со грешки.

Во секој случај,на Украина и Молдавија им посакувам многу среќа и успех на патот кон ЕУ а ние и со нив и без нив ќе останеме и понатаму да чекаме“, додава тој.


Слично

Поврзани вести