Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тито Петковски: Најавата на Заев за оставка е неодговорна изјава

Тито Петковски: Најавата на Заев за оставка е неодговорна изјава

Тито Петковски, претседателот на НСДП, во емисијата „Утрински брифинг“ претпладнево рече дека премиерот Зоран Заев не требало да нуди повлекување доколку СДСМ и коалицијата го загубат Град Скопје од опозицијата на локалните избори.

- Изјавата е неодговорна, нека ми прости премиерот. Пред една година победивме, формиравме влада пред една година, не ја сваќам поентата да се поднесе оставка ако се загубат локални избори. Тој е премиер - мандатот е четири години, искоментира првиот човек на партијата која е коалиционен партнер на СДСМ и дел од парламентарното мнозинство.

Петковски смета дека рекордно малата излезност на гласачите во првиот круг се должи на тоа што локалните избори биле екстремно политизирани со теми на национално ниво.

- Ова беа локални избори со парламентарен шмек, нема да бидат градоначалници Заев или Мицкоски, или СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Овде кампањата излезе надвор од интересот на граѓаните - ова е локална или парламентарна политика?, смета Петковски.

Тој смета дека Заев не требало да избрзува дека ќе ги зголеми шанските за победа на кандидатите на власта за градоначалници со парламентарна кампања.

- Тоа е дефокус на граѓаните - теми со Бугарија на меѓународен план, што остварила Владата, има ли парламентарно мнозинство итн. Тоа се теми за парламентарни избори, додаде Петковски.

Според искусниот политичар, најголем дел од незадоволството на членовите и симпатизерите на власта се должеле на политиките со Бугарија, на сферата со образованието и случувањата со Максим Димитриевски - акти кои ги обесхрабриле граѓаните

Слично

Поврзани вести