Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тито Петковски: Јосип Броз растури скап проект на Бугарија во Македонија, затоа не го сакаат

Тито Петковски: Јосип Броз растури скап проект на Бугарија во Македонија, затоа не го сакаат

Титот Петковски, лидерот на НСДП, со реакција на Фејсбук искоментира дека на Бугарија и пречи поврзаноста на Македонија со Јосип Броз Тито затоа што неговото лидерство спречило реализација на проект за кој соседот вложил многу ресурси во Втората светска војна.

„Захариева не го сакала Тито,се разбира Јосип Броз!

Хитлер и Мусолини ,на самиот почеток на Втората светска војна ја окупираа Македонија и ја поклони на тогашна Царска Бугарија.И само што бугарската власт организира систем на владеење во окупираноте територии,со жандармерија,учители,попови и целосна администрација потребна за денационализација на населението,проектот им пропадна.Дојдоа партизаните на чело со Тито и ги избркаа Бугарите и Германците од Македонија.

И после се’ се чудите,зошто Захариева не го сака Тито.“, објави Петковски.

Од една страна, не можете да сакате да влезете во ЕУ и да го демократизирате општеството, а во исто време да славите еден од најмрачните диктатори – Тито, рече бугарската министерка за надворешни работи откако станува се поизвесно дека ќе стават вето на македонските преговори со ЕУ. 

Слично

Поврзани вести