Тито Петковски: Чекаме покана од СДСМ
Тито Петковски, претседателот на НСДП, во пресрет на предвремените парламентарни избори вели дека неговата партија веќе ги составила пратеничките листи, но сè уште нема одлука со кого ќе коалицираат, односно дека чекаат покана од поранешниот коалиционен партнер СДСМ.
– СДСМ сè уште нè нема повикано на разговори. Еве ги повикувам ако сакаат вистински партнер, а не само „придружни вокали“, што поскоро да не повикаат на средба, вели Петковски.
Како поранешен претседател на Собранието на лидерот на актуелната политичка партија, Зоран Заев, му порача да не ги чека гласовите од ВМРО-ДПМНЕ за двотретинско мнозинство за изгласување на Законот за Јавно обвинителство, бидејќи тоа, како што вели тој, нема никогаш да се случи.
– Ако се бара консензус од сите пратенички групи за да се донесе законот за ЈО како услов да се одржат изборите, верувајте дека избори никогаш нема да има. Причина е тоа што нема да поминат преку факторот ВМРО-ДПМНЕ, односно со новиот закон им се скратуваат роковоите на постапките и предметите што се водат против нив побрзо да бидат процесуирани. Така што оваа грчевите борба што ја водат не е да им биде подобро на граѓаните, да фукционира владеењето на правото, да имаме слободно судство, туку како да се спасат да одат во затвор - вели Петковски за „Утрински брифинг на Слободна ТВ“
