Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТИТО ПЕТКОВСКИ: Бугарите се фрустрираат што и по 107 години не успеаја да го убијат чувството на припадност на Македонија

ТИТО ПЕТКОВСКИ: Бугарите се фрустрираат што и по 107 години не успеаја да го убијат чувството на припадност на Македонија

Тито Петковски, поранешен претседател на Собранието, во своето гостување во Студио 10 на Телевизија 24 говореше за македонско-бугарските односи.

Како што истакна тој, оваа блокада кон патот за Европската Унија од нашиот источен сосед нема да заврши за скоро време.

„Спорот не започнува нити ќе заврши овој период. Ова е четврт пораз на Бугарија. Никако не се прифати фактот дека Македонија се „роди“ како држава за време на Втората светска војна. Уште во 2005 напишав – Ако Бугарија влезе пред Македонија во ЕУ, ние никогаш нема да влеземе. Дај Боже да грешам, да се случат некои чуда. Непријателското однесување е затоа што ни после 107 години, Бугарите се фрустрираат од фактот дека не успеаја да го убијат чувството на припадност на Македонија“, рече Петковски.

Слично

Поврзани вести