Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тито Петковски: Ако ВМРО-ДПМНЕ одбие да ја предаде власта може да бидат принудени

Тито Петковски: Ако ВМРО-ДПМНЕ одбие да ја предаде власта може да бидат принудени

Во Македонија не можат да бидат формирани паралелни владејачки институции и покрај отпорот на ВМРО-ДПМНЕ да ја предаде власта, смета поранешниот претседател на Собранието. Тито Петковски. 

Според него министрите на ВМРО-ДПМНЕ сега се веќе дел од малцинството и оти актуелиот кабинет е нелегитимен. Петковски го нарекува преседан фактот што и по пет месеци од последните парламентарни изборите земјата ја води техничка Влада, пренесува Алсат.

Новиот владин кабинет кој ќе се формира со или без мандатот на претседателот Иванов, според Петковски ќе ги преземе надлежностите во министерствата, а одбивањето на ВМРО-ДПМНЕ да ја предаде власта ќе подразбира нивно принудно отстранување.

Одбивањето на ВМРО-ДПМНЕ да дозволи трансфер на власта, според Петковски е примитивизам, вклучувајќи го тука и фактот што поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски сè уште не му го препуштил кабинетот на Талат Џафери.

Слично

Поврзани вести