Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТИТО МОЖЕБИ ЗЕМАШЕ КРЕДИТИ, АМА И СЕГА ИМА ЕВРООБВРЗНЦИ, НО ТОГАШ ПОДОБРО ЖИВЕЕВМЕ - нов статус на активистката Ана Глигорова

ТИТО МОЖЕБИ ЗЕМАШЕ КРЕДИТИ, АМА И СЕГА ИМА ЕВРООБВРЗНЦИ, НО ТОГАШ ПОДОБРО ЖИВЕЕВМЕ - нов статус на активистката Ана Глигорова

Активистката за борба за човекови права, која особено е позната по својата битка против извршителите, Ана Глигорова, преку фејсбук статус прави споредба со едно поранешно време, времето на екс Југославија, кога, како што вели, иако можеби немало познати брендови за облека, граѓаните живееле многу подобро и попристојно отколку сега.

А, како што пишува, Тито можеби земал кредити, но тоа се прави и сега преку еврообврзници и други форми на задолжувања, а народот не живее како тогаш.

Статусот на Глигорова го пренесуваме во целост.

„TИТО ЗЕМАШЕ КРЕДИТИ

(Статусов им го наменувам на генерациите кои се родени после 1984 година)

Моето детство и рана младост ги поминав во државата СФРЈ. Македонија беше република во која службен јазик беше македонскиот, за прв пат во историјата. Но, статусов е со друга поента.

Храна..Моите родители земаа месечни примања како и повеќето луѓе кои живееа на територијата на тогашната држава. Јас не памтам мојата мајка или татко да ми кажат дека некоја прехранбена намирница е скапа, и дека мораат да ја купуваат во ограничени количини. Значи, се што ќе посакав да купам од храна беше достапно. Потрошувачка кошничка? Такви моронски статистики никој не правеше, затоа што немаше ограничување во потребите за храна.

Облека. Можеби познатите светски брендови немаа претставништва во Југославија, но домашните производители, на пример Пеко,.Чик, Југоекспорт, Тетекс, произведуваа многу квалитетни пртоизводи, со цена прилагодлива за сите.

Сметки. Струјата, водата, парното беа со цени од кои ретко кој се жалеше. Немаше приватни извршители и нотари.

Здравстен систем. Можеби не најдобар, но барем подобар од сегашниот. Цените на лековите не беа ни приближно толку високи како сега.

Патувања. Паметам дека на викенд се одеше многу често, на одмор и по неколку пати. Никој не се жалеше дека ќе нема средства барем за еден годишен одмор.

Братство и единство. Каква моќна порака!Заедно живеевевме дури 45 години во иста држава - Југославија. Белград беше главен град, се наоѓаше во Социјалистичка Република Србија. Луѓето патуваа без пасош, без лични карти, студираа, се вљубуваа, влегуваа во брак, се раѓаа деца, никој не прашуваше дали си Србин, Македонец, Босанец,Словенец, Хрват, Албанец, Турчин,Ром, Влав,... од каде бил дедо ти или прабаба ти. Или, ако се зборуваше тоа беше на шега, онака да се направи интересна дискусијата. Секогаш тие муабети беа опуштени, другарски, зад сето тоа стоеше космполитската максима - "Братство и единство".

Во текот на 90-те постојано слушав дека Тито земал кредити затоа сме имале од се погоре набројаното. Три децении наназад се земаат еврообврзници, кредити со огромни камати, а ние повторно ќе бидеме неухранети, недолечени, на одмор ќе се стискаме, ќе плаќаме извршители и астрономски камати и казни.

Тито можеби земал кредити, ама ПОДОБРО,. НЕ МНООГУ ПОДОБРО ЖИВЕЕВМЕ. Како да не бидам носталгична на подобар живот? Како?“, пишува Глигорова на својот фејсбук профил.

Слично

Поврзани вести