ТИТАНИК БОМБИ-ЈАНКУЛОСКА: Имаме и други методи, подобро сме организирани од комуњариве
За седум дена продолжува судењето за случајот „Титаник“ кој се однесува на изборни нерегуларности.
Денеска биле преслушани околу 70 разговори а во една од снимките се слуша и гласот на екс министерката Гордана Јанкулоска.
Таа со непознато машко лице разговара за лица кои агитираат за Куманово против нив и дека зборуваат за криминали на Груевски и бара од неа да се направи нешто да се успорат некако.
„Не, не па ние си имаме и други методи, многу сме подобро организирани од ова комуњариве. Што може еден човек да направи повеќе од цел тим наши, го уверува Јанкулоска.
Во текот на денешното рочиште беа слушнати и повеќе разговори во кои главен беше гласот на Миле Јанакиески.
Се слуша како тој на еден соговорник нервозно му вели да притиска за поголема излезност на вработени од „Улици и патишта“ и училишта и градинки.
