Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТИРОН ЈАЈАГА ВЕЌЕ ДОБИВА ЧЕСТИТКИ ЗА НОВАТА ФУНКЦИЈА - еве кој ќе биде новиот заменик министер за одбрана

ТИРОН ЈАЈАГА ВЕЌЕ ДОБИВА ЧЕСТИТКИ ЗА НОВАТА ФУНКЦИЈА - еве кој ќе биде новиот заменик министер за одбрана

Тирон Јајага ќе биде новиот заменик министер за одбрана, во поделбата на државните функции во власта, откако се обзнани дека Алијанса за Албанците влегува во Владата.

Јајага на својот фејсбук профил веќе почна да добива и честитки за новата позиција заменик министер за одбрана.

Во неговите информации на фејсбук профилот, за Јајага стои дека тој сега работи како правен советник во Министерството за одбрана во земјава, а се наведува и дека работел во Советот за одбрана на НАТО. 

Според нашите сознанија, овој кадар е со потекло од Дебар.

Фактор веќе објави сеуште непотврдена информација дека АА ќе ја земе важната директорска позиција во Управата за јавни приходи. 

Н.Н.Ф.

Слично

Поврзани вести