ТИРАНСКИ ВЕСНИК ОТКРИВА: По каква шема Груевски излегол од Македонија?
Екс премиерот Никола Груевски влегол во Албанија нелегално преку граничниот премин „Блато“ на македонско-албанската граница кај Дебар, пренесуваат албански медиуми.
Весникот „Дита“ информира , дека Груевски влего на албанска територија со негови сигурни луѓе.
Потоа групата отишла во Тирана, од каде со кола на унгарско претставништво екс премиерот заминал за Црна Гора.
Албанскиот медиум коментира, дека самиот факт дека Груевски немал проблеми на излезот од земјата преку преминот Хани и Хотит и заради тоа ѓто влегол нелегално во Албанија, а излегол од неа со лична карта, зборува дека се тоа е реализирано од влијателни и негови безбедни луѓе.
Дел од албанските медиуми велат дека е возможно да учествувал и самиот претседател на земјата Илир Мета, како и албански бизнисмен со интереси во Македонија.
