Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТИНЕЈЏЕРКА ОД ТУРЦИЈА УАПСЕНА СО ДРОГА - во нејзиниот стан најдени марихуана, таблети, дробилка, дигитална вага...

ТИНЕЈЏЕРКА ОД ТУРЦИЈА УАПСЕНА СО ДРОГА - во нејзиниот стан најдени марихуана, таблети, дробилка, дигитална вага...

Тинејџерка од Турција, со право на престој во земјава, е уаспена откако кај неа се пронајдени и одземени повеќе типови на опијати, но и дробилка, дигитална вага.. 
- На 18.09.2025 во 12:45 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ја лишија од слобода А.Б.(19) од Република Турција затоа што кај неа се пронајдени и одземени таблети и предмет со остатоци од марихуана. 
Подоцна, со судска наредба, извршен е претрес во станот и помошни простории, каде што живее и ги користи во Гостивар, при што се пронајдени и одземени дробилка со остатоци од марихуана, таблети, бела прашкаста материја, дигитална вага, ќеса со семки од канабис и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело - се посочува во соопштението на МВР. 
Од таму додаваат дека младата турчинка е задржана во полициска станица и по документирање на случајот против неа ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик – „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.


Фото: Принтскрин/Фејсбук

Слично

Поврзани вести