Тинејџерка извлечена од провалија во Струмица
Центарот за управување со кризи известува дека од провалија во близина на манастирот „Свети Илија“ во Струмица доцна синоќа е извлечено 16-годишно девојче, кое веднаш е пренесено во струмичката болница.
Случајот го пријавила нејзината мајка во 20:30 часот на телефонскиот број 112 која рекла дека не ја знае точната локација каде се случила несреќата.и дека ќерка ѝ има повреди на главата.
Екипи на СВР Струмица, Противпожарните екипи на Струмица и Итната медицинска помош веднаш се упатиле на местото на несреќата.
Успеале да воспостават гласовен контакт со девојчето и го извлекле, а со оглед на повредите малолетничката веднаш била пренесено во струмичката болница, информира ЦУК.
Слично
