Тинејџерите кои се затруја од психотропни супстанци и натаму се на Токсикологија
Четворицата тинејџери кои по сугестија на полнолетно лице конзумирале алкохол со психотропни суптанци, најверојатно дури утре ќе бидат пуштени на домашно лекување од Клиниката за токсикологија во Скопје.
Ова го потврди директорот на Клиниката за токсикологија, Андон Чибишев, кој вели дека четворицата малолетници, кои во петокот беа донесени на Токсикологија во тешка состојба, денеска се во подобрена општа здравствена состојба.
Тој рече дека во текот на утрешниот ден, по утринската визита, ќе се одлучува дали тие ќе бидат пуштени дома. „Клинички и лабораториски, сите параметри се стабилни“, појасни директорот на Токсикологија.
Малолетниците на возраст од 14 до 17 години, биле примени со нарушена свест. Докажано било присуство на психоактивни супстанци кај нив.
Во куќата на 40-годишниот скопјанец Д.Ѓ, полицијата затекна четири малолетни лица, од кои две биле во бессознание и истите консумирале алкохол и психотропни супстанци.
Малолетните лица, со возило на Итна медицинска помош, биле пренесени во Клиниката за токсикологија.
Во 16 часот, полициски службеници го лишиле од слобода Д.Ѓ, кого Обвинителството го, сомничи за тешки дела против здравјето на луѓето.
