ТИНЕЈЏЕРИ ОД ТУРЦИЈА УАПСЕНИ ПОРАДИ МАРИХУАНА - во станот во кој престојувале имало поголема количина
Двајца турски државјани, тинејџери се уапсени бидејќи во домот во кој живеат во Гостивар им била пронајдена марихуана, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.
- На 01.10.2025 во 01:00 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишија од слобода М.А.К.(18) и М.Ј.(19), двајцата од Република Турција со привремен престој во Гостивар, затоа што кај е пронајдена и одземена марихуана.
Потоа, во периодот од 03:30 до 04:10 часот, со судска наредба извршен е претрес во домот во кој живеат, при што е пронајдена и одземена ќеса со марихуана. Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава - се појаснува во соопштението на МВР.
Слично
