Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тинејџери од Тетово силувале сестри и снимале со мобилен телефон

Тинејџери од Тетово силувале сестри и снимале со мобилен телефон

МВР објави дека лишени се од слобода 18-годишник и малолетник од Тетово кои извршиле обљуба врз две малолетни сестри.

- На 02.07.2025 во 15.30 и во 22.55 часот полициски службеници од СВР Тетово и ПО Камењане во с.Горно Седларце и во Тетово ги лишиле од слобода А.Е.(18) и малолетник, двајцата од Тетово, постапувајќи по пријава од 37-годишна жена од Тетово дека во неколку наврати извршиле обљуба врз нејзините две малолетни ќерки, а притоа и снимале со мобилен телефон и едната малолетничка ја принудувале на сексуален однос со други лица, извести полицијата.
Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.


Слично

Поврзани вести