Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тинејџер загина во сообраќајка како сопатник

Тинејџер загина во сообраќајка како сопатник

Тинејџер како сопатник загина во сообраќајна несреќа на патот Куманово-Липково, откако возачот на возилото во кое се наоѓал излетал од делницата.

„На 18.06.2024 во 17.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат  Куманово – Липково, во с.Оризаре, липковско, патничко возило „опел зафира“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Р.А.(21) од с.Никуштак, општина Липково, излетало од коловозот. Во несреќата од здобиените повреди на местото починал сопатникот Р.А.(19) од с.Никуштак, а лекар од Здравствен дом Липково констатирал смрт“, информира МВР.

Возачот Р.А. се здобил со телесни повреди, констатирани во болницата во Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.


Слично

Поврзани вести