Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тинејџер се стекна со траен инвалидитет по пукната петарда на новогодишната ноќ

Тинејџер се стекна со траен инвалидитет по пукната петарда на новогодишната ноќ

Тринаесет годишно дете се здобило со тешки повреди на раката од петарда и ќе има траен инвалидитет, објавија од Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ по новогодишната ноќ.

- Имаме двајца пациенти од физички напад, едниот е задржан на опсервација и во текот на денов ќе биде пуштен дома, како и 13.годишно дете со тешка повреда на раката од петарда, кое веќе е оперирано на Детската клиника за хирургија и најверојатно ќе биде со инвалидитет на раката, информираше претпладнево Игор Мерџановски, доктор од ТОАРИЛУЦ.

Со акутно труење од алкохол на Клиниката за токсикологија во Скопје биле примени 18 пациенти, а најмладиот има 14 години.

- Вообичаено како секоја година имаме помалку пациенти од минатата година, изјави Андон Чибишев, директор на Клиниката за токсикологија во Скопје. 

Генералната оценка на здравствените институции во Скопје е дека ноќта поминала прилично мирно со помал обем на работа. 

Еден од  пациентите измешал алкохол и таблети.  Акутното труење е индивидуално и, како што појасни Чибишев, може да се случи и со две чаши алкохол.   

- Труењата со алкохол до 25 години се животозагрозувачи состојби и треба  многу да се внимава, тоа е едниот проблем, а другиот е што има пациенти што тоа го зачинуват со медикаменти што  е уште поопасна состојба која може да предизвика сериозни нарушувања на здравјето, додаде Чибишев.


Слично

Поврзани вести