Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТИНЕЈЏЕР ОД СКОПЈЕ ЗАВРШИ ВО НАУМ ОХРИДСКИ - Со мотоцикл направил сообраќајка

ТИНЕЈЏЕР ОД СКОПЈЕ ЗАВРШИ ВО НАУМ ОХРИДСКИ - Со мотоцикл направил сообраќајка

Тинејџер заврши во болницата „Свети Наум Охридски“ по сообраќајна незгода во која учествувал возејќи мотоцикл. До несереќата дошло по судир меѓу „мерцедес“ и „априлија“ на улиците „Индира Ганди“ и ул.„Вашингтонска“ во скопска населба Шуто Оризари. 

- На 17.04.2023 во 19.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Индира Ганди“ и ул.„Вашингтонска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“, управувано од А.У.(55) од Скопје и мотоцикл „априлија“, управуван од 17-годишник од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки. 

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје - соопштуваат од МВР.

Слично

Поврзани вести