Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТИНЕЈЏЕР ОД КУМАНОВО ВОЗЕЈЌИ АУДИ УДРИЛ ВО БЕТОНСКА ОГРАДА - повторно малолетник зад воланот, заврши во болница

ТИНЕЈЏЕР ОД КУМАНОВО ВОЗЕЈЌИ АУДИ УДРИЛ ВО БЕТОНСКА ОГРАДА - повторно малолетник зад воланот, заврши во болница

И покрај засилените полициски контроли кои ги спроведуваат екипите на Министерството за внатрешни работи, уште еден малолетник, кој возел пред да исполни услови за возење излетал од патот и завршил во бетонска ограда од куќа. 

Како што јави МВР, возачот, кој е малолетно момче, на само 16 години завршил во болницата во Куманово откако направил сообраќајна несреќа и со автомобилот удрил во ограда од куќа. 

- На 25.02.2025 околу 06.15 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионален пат од с.Ропаљце кон с.Матејче, општина Липково, патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 16-годишник од Куманово, удрило во бетонска ограда од куќа.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово - соопштуваат од МВР. 

Во текот на вчерашниот ден се случи уште една сообраќајка во која возачот беше малолетник. Во вчерашниот случај, четворица тинејџери излетаа од патот во близина на Американската амбасада и завршрија на Скопските клиники. 

Слично

Поврзани вести