Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тинејџер од Кавадарци се обидел да ограби банка во Скопје

Тинејџер од Кавадарци се обидел да ограби банка во Скопје

Тинејџер од Кавадарци во доцните вечерни часови сакал да ограби банка во Скопје надвор од работно време.

„На 11.04.2024 околу 03.00 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.Д.(18) од Кавадарци, со живеалиште во Скопје“, објави МВР.

Не е познат начинот на кој сакал да го изврши делото, а единствената информација за јавноста е тоа дека бил затекнат при обид да изврши „тешка кражба“ во филијала на банка на подрачјето на општина Аеродром.

Лицето било задржано во Полициската станица Аеродром и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.


Слично

Поврзани вести